Закон на данокот на додадена вредност

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Со пополнувањето на листата за проверка ќе добиете Извештај кој има информативен карактер и ќе Ви укаже во кој дел од регулативата не сте усогласени и каде би требало да го корегирате Вашето работење. Пополнувањето е анонимно и нема јавен пристап до Вашите одговори. Последното ажурирање на листите за проверка е спроведено заклучно 30.11.2018 година. Листите за проверка на усогласеноста со законските прописи од областа на Даноци се ажурирани заклучно со 10.05.2019 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали знаете дека доколку вршите стопанска дејност и имате промет кој надминува 1.000.000 денари имате обврска за регистрација за ДДВ најдоцна до 15 во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот?


Даночниот обврзник е должен за секој даночен период да поднесува даночна пријава во рок од 25 дена по истекот на даночниот период.


Даночниот обврзник е должен за секој даночен период да го плати данокот најдоцна до 25 во месецот кој следува по даночниот период.


Дали знаете дека доколку сте корисник на услуга од даночен обврзник кој нема седиште ниту подружница во РМ, тогаш обврската за пресметување на ДДВ паѓа на ваш товар како даночен должник?


Дали знаете дека за прометите кои се однесуваат на услуги за градење, со отпад и отпадни материјали даночен должник е примателот на таквиот промет односно услуги?


Фактурата којашто се издава мора да ги содржи минимум елементите кои се пропишани.


Фактурата мора да се издаде во рок од 5 дена од моментот на извршување на прометот.


Даночниот обврзник е должен кон даночната пријава да поднесе и периодичен извештај од денарски и девизни трансакциски сметки преку кои го остварува своето работење