Објавена уредбата за платежните картички од 150 евра и за домашен туризам

Објавена уредбата за платежните картички од 150 евра и за домашен туризам
БизнисРегулатива | 29.05.2020

Картичките ќе треба да се искористат до крајот на месецот, а парите што ќе останат непотрошени се враќаат назад во државната каса.

 

По 9 илјади денари ќе добијат социјалните случаи и невработените, но само оние кои според Агенција за вработрување се активни баратели на работа. Работниците со ниски примања, односно со плата до 15 000 денари, како и младите, средношколци и студенти од 16 до 29 години, ќе добијат по 3 илјади денари.

 

Граѓаните нема да имаат обврска да поднесуваат никакви апликации. Дали се на листата, колку пари им следуваат, и од која банка ќе може да ја подигнат картичката - ќе можат да проверат единствено со внесување на матичниот број на веб адреса.(www.kupuvamdomasno.com.mk) Листата треба да биде објавена најдоцна до понеделник.

 

Парите од платежните картички ќе може да се користат за купување на домашни производи, основен алкохол и цигари. Со нив ќе може да се плаќа во објекти за сместување, хотели, кампови, ресторани, кафулиња, аптеки, туристички агенции, фризерски салони, во трговијата на мало, на тезгите на пазари итн...

 

Дуќаните ќе мора да обезбедат посебни рафтови или гондоли на кои ќе има ознака „КУПУВАМ ДОМАШНО“ и да бидат изложени македонски производи, во спротивно им се закануваат парични казни.. Исто така и во on-line продажбата ќе мора посебно да се истакнат македонските производи и услуги.

 

Владината Уредба предвидува платежни картички да добијат и здравствените работници од првите редови во борбата со Корона вирусот, на кои ќе им бидат префрлени по 40% од последната нето плата...

 

Лица кои добиваат платежна картичка:

 

- граѓани со низок доход – 9 000 денари

 

- вработени со низок доход – 3 000 денари

 

- млади лица (16-29 год.) – 3 000 денари

 

- здравствени работници – 40% од иснос на последна нето плата

 

Начин на употреба (купување и плаќање):

 

- „македонски производи“ освен алкохол, цигари

 

- „македонски услуги“

 

Извор: Канал5


Сподели