Фолксваген најави инвестиција од две милијарди евра за развој на возила на електричен погон во Кина

Фолксваген најави инвестиција од две милијарди евра за развој на возила на електричен погон во Кина
БизнисРегулатива | 29.05.2020

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ најави дека ќе инвестира околу две милијарди евра за развој на возила на електричен погон во Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот.

 

– Во Кина се продаваат 40 отсто од возилата на „Фолксваген“ и е една од најголемите е-мобилности во светот, се наведува во соопштението на германскката компанија.

 

Според „Фолксваген“ во Кина до 2025 година ќе бидат продадени 1,5 милиони возила кои ќе користат одржлива енергија.


Сподели