Швајцарските работодавачи се должни на своите вработени кои работат од дома да им платат еден дел од киријата

Швајцарските работодавачи се должни на своите вработени кои работат од дома да им платат еден дел од киријата
БизнисРегулатива | 26.05.2020

Швајцарскитe работодавачи се должни на своите вработени поради работата од дома да им платат еден дел од киријата, заклучил судот во Цирих.

 

Тужба против фирмите поднел еден вработен кој барал обештетување за работата од дома. Фирмата укажала на тоа дека не постои одговарачки договор за обештетување и дека немала обврска да плати дел од киријата.

 

Мѓутоа, судијата донел заклучоци кои се поинакви од аргументите на фирмата, наведувајќи дека тоа што вработените немале дополнителни трошоци, како изнајмување на дополнителен простор, не е причина да им се одбие барањето за обештетување.

 

Според пресудата, фирмата е должна да плати обештетување.

 

Експертите сметаат дека оваа пресуда може да има дополнителни последици, посебно за работењето од дома за време на пандемијата.

 

Тие истакнуваат дека вработените имаат право на обештетување ако се принудени, не по своја волја, да работат од дома, а дека кога некој тоа го прави по своја волја нема да има право на отштета.


Сподели