Лозарите добиваат околу 583 милиони денари субвенции

Лозарите добиваат околу 583 милиони денари субвенции
БизнисРегулатива | 04.02.2020

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, соопшти дека денеска на сметките на 15.784 субјекти исплатила 582,8 милиони денари за одгледувачите на лозови насади.
 

Станува збор за мерката за оддржување на лозови насади, а корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари лозови насади и кои се регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.
 

Директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од „Програмата за финансиска поддршка во земјоделството“ за 2019 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.
 

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почеток на новата реколта- велат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.


Сподели