Се преселила во Холандија и доживеала големо изненадување кога барала работа

Се преселила во Холандија и доживеала големо изненадување кога барала работа
БизнисРегулатива | 10.10.2019

Искуството на Марија Ѓорѓевиќ од Нови Сад, Србија со барањето работа во Холандија е навистина импресивно, особено за некој кој како и многу млади од регионот го напуштил домот барајќи подобра околина, подобри услови и нова шанса.

 

Марија која е наставник, преведувач и асистент за човечки ресурси на професионалната социјална мрежа LinkedIn раскажа за неверојатното искуство со Агенцијата за вработување на Холандија.

 

„Се преселив во Холандија пред осум месеци. Пред еден месец, започнав активно да барам работа. Сега, работите се малку поразлични отколку во мојата земја. Ако не сте високо квалификуван кадар што компанијата го побарала да работи специјално за нив, многу е веројатно дека ќе најдете работа во различните бироа за вработување. Вие аплицирате за работа, бирото ве повикува, ги поминувате чекорите со нив и потоа доаѓате да разговарате со некој од компанијата за која сте аплицирале. Така и сторив. После два многу информативни разговори со жената од Бирото (едниот за да ме запознае подобро, а другиот за јас подобро да се запознам со работата и позициите кои се слободни за да видам која е „најблиска“ до мене, затоа што тие пред се САКААТ јас да бидам среќна. Ми стигна мејл дека ме чека разговор со менаџерот на одделот во кој можам да се вработам. На крајот на мејлот, по сите технички детали и куртоазија, со големи зборови ми напиша: I BELIEVE IN YOU, YOU CAN DO THIS! Толку малку, и толку многу“ вели Ѓорѓевиќ.

 

Овој пример покажува колку малку е потребно институциите да се ангажираат за да најдат соодветна работа за кадрите кои бараат шанса на пазарот на трудот, како да им влеат самодоверба и како со подобро посредување меѓу тие што бараат работа и работодавачите може да се направи одличен спој.


Сподели