Македонија не е имуна на климатските промени. Потребни се сриозни интервенции во енергетска ефикасност

Македонија не е имуна на климатските промени. Потребни се сриозни интервенции во енергетска ефикасност
БизнисРегулатива | 25.09.2019

Новиот закон за енергетика кој е во потполна согласност со новите директиви на Енергетската заедница е во функција на заштина на животната средина. Воедно овој закон ќе ги поттикнува инвестициите на обновливи извори.
 
Дали законите за енергетика  и нафтените деривати се во функција на заштита на животната средина, беше темата на која министерот за економија, Крешник Бектеши говореше на денешната панел дискусија  за „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“.
 
„Веќе неколку повици се објавени и се во тек да се евалуираат сите понуди за градење во нашата држава на фото напонски централи и компанијата „ЕСМ“ работи напорно да изгради нови капацитети од обновливи извори фотонапонски и ветерници. Законот за енергетика е потполно усогласен, но и исто времено е при крај изготвувањето на законот за енергетска ефикасност“, вели Бектеши, кој додава дека министерството за економија спроведува три мерки за енергетска ефикасност и поттикнување на обновливите извори.
 
„За градење на соларни колектори, за замена на древените прозори со ПВЦ но исто времено и за набавка на печки на пелети од страна на домаќинствата. Во текот на ваа недела очекуваме да го објавиме и огласот за печки на пелети, а претходните две мерки се веќе објавени“, додава Бектеши.
 
Природниот гас е најефтино и еколошки прифатливо затоплување за домовите, многу е важно нашата земја да влезе во процесот на терцијална гасификација, односно гасот да биде достапен за домаќинствата, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
 
„За домаќинствата значи поекономично греење пред се, надвор од животната средина е сериозно поекономично што мислам дека е атрактивно. Затоа што се намалуваат трошоците за затоплување на домовите и може да дојде до краток рок до подобрување на економската состојба на граѓаните. А за индустриските капацитети тоа значи намалуање на трошоците и можност за инвестирање во нови технологии, тому заради заштедите кои се прават за употребата на гасаот“, изјави Шилегов на панел дискусијата.
 
Според климатските сценарија за нашата земја, во наредните педесетина до 100 години не очекуваат потопли лета, помалку врнежи и екстремни временски непогоди што може да предизвика и проблеми во домашното производство на храна, водните ресурси, шумарството, биолошката разновидност, вели Дејан Андонов од Институтот за комуникациски студии.
 
„Поради овие штетни последици и негативни влијанија потребно е исполнување на политиките за прилагодување и ублажување на климатските промени и спроведување на ефективни решенија во секторите кои најмногу донесуваат за емитување на стакленички гасови во воздухот, како што се енергетскиот сектор, депониите за цврст отпад, патниот сообраќај, произведтсвената индустрија и градежништвото“, вели Андонов.
 

Кампањата „Не игнорирај, реагирај“ во организација на Институтот за комуникациски студии во наредниот период ќе се фокусира на постоечките ризици и можнните последици од климатските промени во Македонија. 


Сподели