СКСЗМ организира средба на бизнисмени од земјава, Косово и Албанија

СКСЗМ организира средба на бизнисмени од земјава, Косово и Албанија
БизнисРегулатива | 18.09.2019

СКСЗМ поагајќи од стратешката цел за регионализација и интернационализација на компаниите од земјата, во континуитет организира настани кои имаат за цел запознавање на компаниите со можностите за проширување на нивните актиности во пазарите од регионот, но и нудење на можности за соработка со компании од регионот. За таа цел, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија со помош на проектот на УСАИД за равој на деловниот екосистем, за првпат ќе организира регионален Б2Б настан, каде што ќе присуствуваат компании од Северна Македонија, Албанија и Косово. 

Овој настан се организира во партнерство со Бизнис Комората на Косово и Комората за Трговија и Индустрија Тирана. Главниот мотив за организирање на овој настан е да се соберат на едно место компаниите од Северна Македонија, Албанија и Косово. Компаниите кои ќе присуствуваат на регионалниот Б2Б настан се од секторите градежништво и градежни материјали, прехранбена индустрија, и трговија на мало. 
 
Покрај Б2Б средбите, во првиот дел е предвидено да се одржи економски форум со две панел дискусии. Првата панел дискусија е на тема „Царинските бариери и административните проблеми кои влијаат врз трговијата помеѓу Северна Македонија, Косово и Албанија“. Втората панел дискусија е на тема „Можностите за соработка, инвестирање и пристап во заедничките регионални пазари и пошироко“. 
Целта на СКСЗМ е овој регионален Б2Б настан да стане традиционален настан со вклучување и на другите земји од регионот, но и пошироко, со цел да им се овозможи на компаниите да постигнат соработки со компании од другите земји и на тој начин да се овозможи да ги прошираат нивните бизнис активности и нивните производи во странските пазари. Оваа ќе придонесе и за растот и развојот на економијата на земјата, односно создавање на конкурентна и стабилна економија. 
 

Сподели