Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци почнува со работа во две смени

Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци почнува со работа во две смени
БизнисРегулатива | 04.09.2019

 Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци почнува со работа во две смени, одлучи Државниот инспекторат за земјоделство.

 

Одлуката е донесена како одговор на барањата на бизнис заедницата за овозможување брз и непречен извоз на земјоделски производи, а во овој период е особено важна за извозот на грозјето.

 

Согласно одлуката, првата смена на инспекцијата ќе биде од 08:00 до 16:00 часот, од 18:00 до 24:00 часот втора смена, а во сабота и недела фитосанитарната инспекција ќе работи од 19:00 до 24:00 часот.

 

-Воведувањето на сменското работење на терминалот Кавадарци е уште еден показател за политиките на МЗШВ во делот на создавање поволни услови за бизнис заедницата и ќе значи надминување на административните бариери со кои се соочуваат правните субјекти кои извезуваат грозје, напиша министерот за земјоделство, Трајан Димковски на својот фејсбук профил.


Сподели