Со закон ќе се субвенционираат придонесите за да се зголемат платите

Со закон ќе се субвенционираат придонесите за да се зголемат платите
БизнисРегулатива | 02.09.2019

 Министерство за труд и социјална политика објави известување за Предлог закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.

 

 Со овој закон се уредува висината, условите и начинот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ за зголемување на плата.

 

Целта е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените. Затоа се наметна потребата од законско регулирање на мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување како финансиска поддршка од Буџетот на РСМ.

 

 Предвидената временска рамка за изготвување на предлог законот е до крајот на месецот Септември.


Сподели