Само 20 компании кои произведуваат храна во земјава го применуваат стандардот ISO 22000!

 Само 20 компании кои произведуваат храна во земјава го применуваат стандардот ISO 22000!
БизнисРегулатива | 01.07.2019

 Само 20 компании кои произведуваат храна во земјава го применуваат стандардот ISO 22000 кој се однесува на управување со безбедноста на храната кој подразбира следење на производот од фарма до трпеза. Овој стандард е посебно важен за компаниите кои се извознички поради конкуренцијата, но и за оние на кои им е важна довербата на потрошувачите.

 
– Компаниите кои производеуваат храна не се обврзани, но е добро да го поседуваат и овој сертификат. Процесот на негово добивање трае шест месеци и не е скап со оглед на поволностите кои ги носи, вели Емилија Тодоровска од Стопанската комора.
 
Стандардот јапокрива целата организација и придонесува да се осигура безбедноста на храната низ целиот синџир на исхрана од фарма до маса. Овој стандард ги поддржува целите на ОН за одржлив развој преку намалување на болестите поврзани со храна и поддршка на подобро здравјето на луѓето, бидејќи 2,2 милиони луѓе годишно страдаат поради неисправна храна и вода.

– Раното внесување на ISO 22000:2005 како и применување на принципите на кои се базира, даде многу позитивни резултати и иницираше конструктивни промени. Ни овозможи јасно да ги дефинираме одговорностите и надлежностите на сите вработените, ја зголемивме свесноста околу прашањата за хигиена и безбеден производ. Воспоставивме квалитетен однос со купувачите, добавувачите и вработените. Обезбедивме следливост како најважен дел, го проширивме пазарот и продажбата на масло без ниту една рекламација. Безбедниот производ е најважното прашање во меѓународната трговија и тоа мора да се почитува, вели Жаклина Георгиева, шеф на лабораторија Фабрика 3 Брилијант која работи во составот на „Витаминка“.
 
 
Целта на ISO 22000 е да се усогласат на глобално ниво барањата за управување со безбедноста на храната за компаниите во синџирот на исхрана. Посебно е наменета за примена од организации кои бараат пофокусиран, кохерентен и интегриран систем за управување со безбедноста на храната отколку што вообичаено се бара со закон.
Се бара компанијата да ги исполни сите законски и регулаторни барања поврзани со безбедноста на храната преку својот систем за управување со безбедноста на хранат

Сподели