Опаѓа бројот на работници во индустријата

БизнисРегулатива | 01.07.2019

 Работниците во индустријата во месец мај годинава во однос на истиот месец лани се намалиле за 2,5 %. Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат пад на работниците од 0,6 отсто за периодот јануари -мај во споредба со истиот период од 2018 година.

 
Работниците се намалиле во секторот преработувачка индустрија за 2,7 проценти, а во рударството и вадење камен во мај во тековната година за еден отсто, помал процент на пад на работниците во индустријата се забележени во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со пад од 0,3 проценти.
 
Во месец мај ДЗС според податоците на главните индустриски групи бележи раст на работниците кај капиталните производи за 2,4 отсто, во споредба со истиот месец лани.

Сподели