Кина воведе забрана за видео игри со коцкање и крв

Кина воведе забрана за видео игри со коцкање и крв
БизнисРегулатива | 24.04.2019

 Добри вести за компаниите кои произведуваат видеоигри е дека Кина повторно почна да одобрува игри, но лошата вест е дека воведе нови правила. Новите правила се однесуваат на одделни категории и се очекува забрана за други категории меѓу кои се Mahjong и покер, наслови базирани на кинеската империјална историја, како и игри кои содржат крв и мртовци.

 
Причината за тоа е основањето на регулаторно тело наречено Државна администрација за печат и публикации, која е загрижена поради насилството и зависноста од коцкање меѓу младите луѓе. Во иднина добивањето пристап за влез на кинескиот пазар во иднина може да биде тешка задача за девелоперите.
 
Кинеската влада одлучи да не одобрува нови игри од страв дека ќе ги расипе младите луѓе, поради политички причини и уште некои други причини. Забраната за покер и Mahjong игрите веројатно најлошо ќе биде примена затоа што речиси 37% од одобрените игри во 2017 година спаѓаат во таа категорија. Освен тоа, девелоперите мора да воведат системи против зависност од игрите.
 
Најголем проблем е зависноста на малолетниците од игри. Кина воведе правила против зависноста од игри уште во 2007 година, кои го ограничуваат времето и парите кои може да се потрошат во играта. Законот сега се прошири на мобилните игри и девелоперите го применуваат.
 
Забранета е и крв во игрите, но девелоперите го заобиколија тоа правило и црвената боја на крвта ја сменија во зелена. Меѓутоа, сега е забранета крв во секаква боја. За да се осигура примената на законот, владата минатата година го основаше Комитетот за етика на онлајн игри, кој ќе проверува дали игрите се здрави и корисни. Минатата година владата одобри мал број игри, а многу одби и побара да воведат промени. Мал број игри добиле дозвола без никакви услови.
 
Големите девелопери како Tencenta и NetEase, на кои им припаѓаат игрите PUBG, Monster Hunter: World, World of Warcraft и Overwatch, нема да имаат проблеми со новите правила.

Сподели