Што претставуваат Позициони документи?

Препознавајќи ги потребите на бизнис заедницата, создавањето на позициските документи е начин и алатка на анализирање на постојните проблеми кои се јавуваат при имплементација на закони од сите сектори опфатени од бизнис заедницата. Со идентификување на проблемите кои им создаваат потешкотии во работењето на претставниците на бизнис заедницата, коморите работат на нивно преточување во позициски документи, кои се доставуваат до надлежните државни институции, со кои се поставуваат темелите за идно менување на законската регулатива, во насока на подобрување на истата. Позициските документи кои се обработени од страна на работната група која се состои од претставници од Стопанските комори, партнери во проектот, се достапни подолу. Доколку имате Ваш предлог за изработка на на позициски документ во одредена тема, ве молиме користете ја формата подолу за да го поднесете предлогот.

Филтер на документи
Најнови јавно објавени позициони документи
Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Забелешки и предлози од компаниите на Предлог Закони за отпад

Пакет на предлог закони за воспоставување на ефикасен систем во областа на управувањето со отпад и посебните текови на отпад.

Предлози за промена на Законот за пакување и отпад од пакување и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.

Министерство за животна средина и просторно планир


 Министерство за животна средина и просторно планирање

27.12.2019

Се разгледува

Нема одговор

Потреба од промена на моделот на пресметување на придонеси во ИКТ секторот

Трошоците поврзани со фискалните давачки за вработените во ИКТ секторот се актуални поради фактот што оваа индустрија има повисоки плати во однос на другите делови од стопанството што автоматски значи дека висината на уплатените средства за даноци и придонеси се значително поголеми во однос на другите индустрии. Воведувањето на прогресивното оданочување со данокот на личен доход дополнително ги зголеми трошоците на фирмите и вработените.

Потребно е државата да најде механизам преку кој ќе се овозможи одржување на конкурентноста на македонските фирми како работодавачи која е загрозена од прекумерното фискално оптоварување кое го имаат за трошоци за вработени. Конкретното предлог решение е да се лимитира или да се постави горен праг за пресметување на придонесите кој би значел пресметка на придонесите за вработените во  ИКТ индустријата за максимален износ на плата кој е утврден како просечната исплатена плата во индустријата зголемена за 50%.

Министерство за финансии


Министерство за финансии

Влада

25.12.2019

Се разгледува

Нема одговор

Измени и дополнувања на Закон за финансиска дисциплина

Од досегашната примена на законот се идентификува проблем пред се заради постоење на  неравноправност помеѓу економските оператори од приватниот и економските оператори од јавниот сектор.

Неопходно е да се направат измени и дополнувања во Законот за финансиска дисциплина во следната насока:

  1. Во однос на роковите кои се предвидуваат за субјектите од јавен сектор (чл. 6 ст. 3 од ЗФД)  да се прецизира и да се даде јасна дефиниција што точно подразбира договор чиј предмет е повеќегодишна јавна набавка и за истиот да се предвиди максимален рок;
  2. Да се воведе одредба каде ќе се предвиди дека плаќањето на долгот има приоритет пред плаќањето на казната (за да се исполни целта на законот т.е. исполнување на побарувачката и сигурноста и заштита на доверителите); или да се направи  категоризација, односно глобата да се пресметува согласно долгот
  3. Еднаква примена на роковите за исполнување на деловните трансакции кои се однесуваат на економски оператори од приватниот сектор и на субјекти од јавен сектор, со фокус на примена и почитување на максималните рокови за реализација на деловна трансакција во која субјект од јавниот сектор се јавува како должник.

Министерство за финансии


 Министерство за финансии

28.10.2019

Се разгледува

Нема одговор

Усогласување на потребите на работодавачите со пазарот на труд

Претставниците на деловната заедница истакнуваа дека се соочуваат со големи предизвици во однос на обезбедување на квалитетна работна сила, која ќе биде носител на процесот на развој на приватниот сектор во денешното време.

- Да се создадат регионални центри за обуки/прекфалификација кои ќе бидат децентрализирани по региони. Овие обуки треба да се направат за потребите на компаниите во конкретниот регион. Откако компаниите ќе пријават слободни работни места ќе се преквалификуваат одредени лица за таа позиција. Многу е важно да центрите активно го вклучат деловниот сектор и со взаемна соработка да ги спроведува активностите, како и да бидат делумно финансиски поддржани за преквалификацијата преку националниот годишен Оперативниот план за мерки за вработување;

- Истражување со цел точно утврдување на потребите на претпријатијата од кадар и поголема соработка со истите во обука на вработените;

Министерство за труд и социјална политика


 Министерство за труд и социјална политика

17.10.2019

Се разгледува

Нема одговор

Поддршка на Коморите за бесплатен пристап кон базата на Централниот Регистар

Потреба од мерка за поддршка на Коморите од Владата на Република Северна Македонија за бесплатен пристап кон базата на Централниот Регистар

Достапност на анализи кои ќе ги водат компаниите кон вистинските деловни чекори, кои бесплатно ќе можат да ги користат за развој, предвидување на ефективноста и функционирањето на легислативата, како и за создавање на соодветни мерки за поддршка на развојот на приватниот сектор.

Министерство за финансии


Влада на Република Северна Македонија

 

Министерство за финансии

 

Централен регистар

03.10.2019

Се разгледува

Нема одговор

*Позициските документи се обработени од страна на работната група која се состои од претставници од стопанските комори.


Ваш предлог