ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ЧЕТИРИТЕ КОМОРИ И ВЛАДАТА НА РМ

БизнисРегулатива | 09.05.2018

На 09.05.2018 во свечената сала на Владата на РМ беше потпишан Меморандум за формално воспоставување на јавно - приватен дијалог помеѓу четирите стопански комори и Владата. 

 

Потпишувањето на овој меморандум претставува значаен чекор во процесот на градење на институционална соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор во државата, и средство за директно испраќање на заедничките ставови на коморите во форма на позициски документи кои се однесуваат на владините политики што ја засегаат бизнис заедницата. 

 

Преку формализирање на меѓусебниот дијалог, чинителите во процесот се залагаат за обострано дејствување во обидот да се подобри бизнис климата во државата.

 

Bоведни обраќања на настанот имаа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалес, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и директорот на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, Љубомир Димовски.

 

 

Меморандумот за соработка е продолжение на активностите кои Проектот ги организира во насока на подобрување на јавно-приватниот дијалог. Со цел организирано и заедничко настапување пред релевантните државни институции за прашања за кои постои консензус помеѓу коморите, во јануари 2018 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу четирите стопански комори. Потпишувањето на Меморандумот за Владата е првата активност откако заедничката соработка беше и официјално воспоставена, со што се смета за завршено институционалното поврзување на засегнатите чинители во процесот на донесување нова и промена на постоечката регулатива која ја засега бизнис заедницата.

 




Сподели