Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Неприменување на член 257 став 2 од Законот за работните односи

И покрај јасната одредба која предвидува државниот инспекторат за труд да постапува на барање и на работникот и на работодавачот, во пракса ова не е случај. Инспекторатот ги игнорира барањата и пријавите од работодавачите, наведувајќи дека е надлежен само за заштита на правата на работниците.

Укажување од страна на Министерството за труд и социјална политика на Државниот инспекторат за труд согласно расположливите механизми врз основа на член 257, став 2 од Законот за работните односи должен е да постапува по пријави и на работодавач, покрај работник и синдикат. Согласно Законот за инспекција на труд член 9, став 2 - ако Инспекторот пропушти да изврши обврски или да преземе мерки, кои по законот бил должен да ги изврши, односно преземе во постапката на надзорот, за чие непостапување утврдена е и одговорност.

Министерство за труд и социјална политика


  Доставено до Министерство за труд и социјална политика

12.06.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за труд и социјална политика на

17.12.2019


Прецизирање на обврските за исплата на регрес за годишен одмор

Обврската за исплата на регрес на годишен одмор придонесува за создавање на нејаснотии во работењето на компаниите и дополнителни финансиски импликации кон сите кои го почитуваат општиот колективниот договор за приватниот сектор

  Со допрецизирање на одредбите кои се нејасни, работодавците ќе  имаат правна сигурност при обврската за исплата на регрес за годишен одмор. Спогодбата за изменување и дополнување на Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството да се измени, односно да се прецизира во делот со кој се делегира компанија со потешкотии во работењето, начинот на кој се докажува истото и начинот за ослободувањето од оваа обврска. Дополнително да се пропишат услови и критериуми по кои ќе може да се дефинира што претставува финансиска потешкотија кај една компанија

Министерство за труд и социјална политика


  Доставено до министерство за труд и социјална политика

12.06.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за труд и социјална политика на

17.12.2019


Форма и содржина на Договорот за вработување

Почитувајќи ги спецификите и ограничувањата поставени во Законот за работни односи, договорните страни (работникот и работодавачот) би требало да имаат слобода на договарање на детали во содржината на договорот на основа можностите кои им ги дава Законот за облигационите односи.

Дополнување на Законот за работни односи, со следните елементи: задолжителната содржина на договорот за вработување - таксативно ќе ги именуваат забраните односно ограничувањата за договарање помеѓу страните, но дополнително - експлицитна одредба дека двете страни можат слободно да се договорат за било какво решение од нивниот меѓусебен однос, се додека не се во колизија со предметниот закон или останатата позитивна легислатива во државата.

Министерство за труд и социјална политика


  Доставено до министерство за труд и социјална политика

12.06.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за труд и социјална политика на

17.12.2019


Допуштање на можност за предвидување на договорни казни за надоместување на штета во договорот за вработување

Работодавачите се соочуваат со сериозен проблем во поглед на обезбедување на ефикасна правна заштита од штетните дејствија и поведенија на сопствените вработени, во случај кога тие ќе му причинат штета на Друштвото или кога нема да го испочитуваат потпишаниот Договор за вработување

Дополнување на Законот за работните односи, со вметнување пермисивна и упатувачка одредба која ќе дозволува договорање на одредби со договорна казна и извршни клаузули во договорот за вработување, а ќе упатува на примена на Законот за облигационите односи за начинот за регулирање на ова прашање

Министерство за труд и социјална политика


  Доставено до министерство за труд и социјална политика

12.06.2018

Нема одговор

Намалување на висината на пропишаните глоби

Со Законот за работните односи (ЗРО)  за сторени прекршоци со членовите 264, 264-а, 265 и 265-а се пропишани неколку глоби за работодавачите (правни лица и физички лица) кои не ги исполнуваат нивните законски обврски и одговорните лица во правните лица. Пропишаните глоби за прекршоци кои ги сторуваат работодавачите се многу високи и строги.

Целосно ревидирање на ЗРО во делот на Прекршочни одредби каде се предвидени глоби. Да се намалат износите за глобите кои се пропишани со членовите 264, 264-а, 265 и 265-а од ЗРО. Да се бришат одредбите кои предвидуваат глоба за одговорното лице во правното лице, бидејќи тоа претставува двократно казнување на компаниите. Треба да се интервенира со бришење на одредбите од членовите 264 ст.2, 264-а ст.2, 265 ст.2 и 265-а ст.2 од Законот за работните односи.

Министерство за труд и социјална политика


  Доставено до министерство за труд и социјална политика

12.06.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за труд и социјална политика на

17.12.2019