Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Увоз на стока – Недостатоци во увозната документација, казнени одредби за увозникот и овозможување на соодветна правна заштита

Увозниците на територија на Република Македонија се соочуваат со проблеми од технички карактер, односно со неисправна документација испратена од страна на испраќачот на стоката/продавачот, при што последиците ги сносуваат увозниците и не наоѓаат соодветна правна заштита од системот

 Дополнување на Упатството за царинење на стока, во делот II Дејства пред поднесување на царинската декларација и создавање подобри услови за процесот на увоз на стоки во Република Македонија, во насока на заштита на компанијата увозник од несакани последици при увозот, односно намалување на одговорноста на увозникот/примателот на стоката/купувачот во однос на документацијата за чие пополнување и содржина, истиот лично не е одговорен

Министерство за финансии


Министерство за финансии

Царинска управа

05.03.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Царинска управа на

22.03.2018


Примена на етички кодекс за работа на царински службеници

При постапките на царинење фирмите често пати имаат проблем со однесувањето на царинските службеници. Проблемот може да биде и субјективен и објективен

Да се направат построги критериуми во Кодексот за однесување на царинските службеници согласно кои постојано би се следело нивното работење и однесување. Да се вршат почести интерни контроли и да им се укажува на почитувањето на Кодескот за однесување на царинските службеници

Министерство за финансии


Министерство за финансии

Царинска управа

05.03.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Царинска управа на

22.03.2018


Намалување на царинската стапка при увоз на репроматеријали за производство

Текстилната индустрија е извозно ориентирана гранка каде што 95% од производството оди за извоз и тоа претежно е лон производство. Сите материјали се увезуваат, се доработуваат и истите како готов производ се извезуваат

 Да се намалат царинските давачки за увоз на репроматеријали од земјите надвор од ЕУ, кои сега се 10% или пак да се изедначат со стапките на ЕУ за увоз на репроматеријали на 7,5% со што би се зголемила конкурентноста на македонските производи на пазарот во ЕУ, а со тоа би се зголемил и извозот

Министерство за финансии


Министерство за финансии

Царинска управа

05.03.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Царинска управа на

22.03.2018


Намалување на висина на глоба за незначителен царински прекршок

Одредбите на Царинскиот закон со кои се уредува прекршочно правната одговорност не предвидуваат никаква можност за ослободување од санкција во ситуациите кога прекршокот е направен под особено олеснувачки околности, а субјектот самиот го воочил прекршокот, преземал дејствија за да ги отстрани недостатоците и самиот му укажал на надлежниот орган

Измена и дополнување на Царинскиот закон, целосно ревидирање на Глава 2 – Прекршочни одредби (од член 263 до 269А) со намалување на износот за глобите кои се изрекуваат за прекрошоците и воспоставување на категоризација на царинските прекршоци. Дополнително, максималните износи кои се уредени во ЦЗ се во износи кои се многу повисоки од максимумот уреден со Законот за прекршоци (од 5.000 евра)

Министерство за финансии


 Доставено до Царинска управа

05.03.2018

Одобрено

Одговор добиен од: Царинска управа на

01.01.0001


Одговор добиен од: Службен весник на Република Македонија на

03.08.2018


Измена на член 120, став 1 од Царинскиот закон и утврдување на временско ограничување за задржување на стоката во постапка на царинско складирање

 Врз основа на член 120, став 1 од Царинскиот закон кој утврдува дека не постои временско ограничување за задржување на стоката во постапка на царинско складирање, компаниите се соочуваат со проблемот одредена стока да се чува и повеќе од 10 години и тоа го отежнува секое наредно царинско складирање

Да се предвиде рок не подолг од 3 (три) години за задржување на стоката во постапка на царинско складирање, и по истекот на рокот Царинската управа да има обврска да ја преземе царинската стока и да ја продава на лицитација и од добиените средства да се покриваат трошоците на царинскиот склад, постапката за лицитирање и другите давачки кон државата

Министерство за финансии


Министерство за финансии

Царинска управа

05.03.2018

Одбиено

Одговор добиен од: Царинска управа на

22.03.2018