Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Под режим на регистрација за ДДВ да се останува најмалку 3 години, наместо сегашните најмалку 5 години, бидејќи состојбите и реалните можности за остварување на вкупен промет над прагот за регистрација се менуваат многу побрзо отколку пред 17 години кога е воведен ДДВ, а ова е особено се случува кај малите претпријатија

 со член 51, став (7) од ЗДДВ е предвидено даночните обврзници кои се регистрирани за цели на данокот на додадена вредност да останат регистрирани за цели на данокот на додадена вредност најмалку во рок од пет календарски години, независно од висината на вкупниот промет. Како резултат на вакво законско решение голем број на даночни обврзници во овој период поднесуваат даночни пријави за данокот на додадена вредност според кои вкупниот промет не го надминува пропишаниот праг и во истиот немаат искажано претходен данок за одбивање, со што нема значителен фискален ефект а се зголемува административниот товар за даночниот обврзник и даночната администрација.

 Барањето на бизнис заедницата се однесува на измена на  режимот на регистрација за ДДВ да се останува најмалку 3 години, наместо сегашните најмалку 5 години, бидејќи состојбите и реалните можности за остварување на вкупен промет над прагот за регистрација се менуваат многу побрзо отколку пред 17 години кога е воведен ДДВ, а ова е особено се случува кај малите претпријатија

Министерство за финансии


 Министерство за финансии

07.06.2017

Одобрено

Одговор добиен од: Службен весник на Република Северна Македонија на

18.06.2019


Намалување на стапката на ДДВ во ветеринарство од 18% на 5 %

Лековите за ветеринарна медицина се предмет на оданочување со општата стапка на ДДВ од 18% согласно член 29 од ЗДДВ

Изедначување на оданочувањето на ветеринарно-медицинските препарати, со оние од здравствената дејност и земјодeлството кои имаат пониски даночни стапки. Намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 % за ветеринарните лекови што ќе претставува големо олеснување како за сточарите така и за ветеринарните друштва кои ќе можат да ги направат нивните услуги подостапни за клиентите.

Министерство за финансии


Министерство за финансии

07.06.2017

Одобрено

Одговор добиен од: Службен весник на Република Северна Македонија на

18.06.2019