Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Ефекти од политиката на рамни даноци (Прогресивен данок)

Даночната политика и евентуалното воведување на прогресија кај персоналниот данок на доход со што ќе се укине т.н. рамен данок.

Реформата за прогресивно оданочување да се одложи за најмалку пет години во кој пероиод е неопходно да се направат широки консултации со бизнис заедницата.

Министерство за финансии


Доставено до Министерство за финансии.

13.09.2018

Одобрено

Одговор добиен од: Службен весник на Република Македонија на

26.12.2018


Одговор добиен од: Службен весник на Република Северна Македонија на

27.12.2019


Непостоење на акт за издатоци за службени патувања

Непостоење на акт во кој ке се дефинираат минималните износи за исплата на издатоци за службени патувања во странство кој ке се однесува на приватниот сектор од областа на стопанството.

Да се донесе посебен акт/уредба за стопанството/приватниот сектор, висината на дневниците за службени патувања да биде изразена во реални износи, а даночниот праг за однаочување да биде повисоко поставен, со цел да се олеснат даночните обврски на компаниите.

Министерство за финансии


Доставено до Министерство за финансии

07.06.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за финансии на

17.12.2019


Уредување на даночниот третман на кусоците во трговијата на мало и големо

Кусоците настанати во тековното работење во мало и големо продажбата по основ на кражби имаат даночен третман на непризнаен расход за даночни цели, и истите износи подлежат на плаќање на данокот на добивка, данокот на додадена вредност, но и се третираат како скриена добивка на сопствениците.

 

Овој вид на трошок да добие третман на даночно признаен расход, во нормирана рамка, на начин што би се спречиле можни злоупотреби. Се предлага како непризнаен даночен расход за даночни цели да не се сметаат износите на кусоците во малопродажбата утврдени со попис, а кои се предизвикани од секојдневни кражби, во висина од 0,5-1,0% од остварениот промет во пресметковниот период, по вид на трговска стока.

Министерство за финансии


Доставено до Министерство за финансии.

05.03.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за финансии на

17.12.2019


Укинување на мерката – забрана на вршење на дејност за сторен даночен прекршок која се изрекува задно со паричната казна

Изрекувањето на забрана за вршење на дејност за сторен даночен прекршок заедно со паричната казна дополнително ги оптоварува субјектите од приватниот сектор како двојна казна. Така субјектот не може да продолжи да работи иако ќе ја плати паричната казна и се соочува со дополнителна загуба

Укинување на мерката – забрана на вршење на дејност за сторен даночен прекршок која се изрекува задно со паричната казна  – Закон за регистрирање на готовински плаќања

Министерство за финансии


  Презентирано на Конференција „Актуелни предизвици на бизнис зедницата од областа на законската регулатива" 

07.06.2017

Одобрено

Одговор добиен од: Министерство за финансии на

18.01.2018


Признавање на електронска достава на акти до вработени и останати соработници-физички лица од страна на работодавачот/исплатителот

Сеуште се користи хартиена форма за достава на листите што за работодавачите со поголем број на вработени, исплати претставува голем трошок. 

Воведување на е-маил адреса како задолжителен елемент во договорите за вработување, комуникацијата помеѓу работодавачите и вработените секаде каде што е прифатливо би се одвивала по електронски пат. Покрај исплатните листи на овој начин би се доставувале и останатите интерни акти како што се решенија, одлуки, известувања и сл.

Министерство за финансии


 Доставено до Министерство за финансии.

07.06.2017

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за финансии на

17.12.2019