Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Иницијатива за изменување и дополнување на Закон за данок на добивка и дополнување на ЗДЛД

Нерамноправност во третманот на оданочување на добивката на стопанските комори како непрофитни организации

Измена на член 4а од Законот за данок на добивка и член 12 од Законот за личен доход за промена на третманот на оданочување на добивката на стопанските комори, како непрофитни организации.

Министерство за финансии


Доставено до Министерство за финансии

28.02.2019

Се разгледува

Нема одговор

Донации во образованието како јавна дејност

Со Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности се уредуваат давањето и примањето на донациите и спонзорствата со кои давателот и примателот можат да бараат даночни поттикнувања. Со Законот не е опфатена сферата на образованието, а истото е потребно бидејќи директно ќе влијае на развојот, како и долгорочно ќе претставува стимул за компаниите да вложуваат во иден квалитетен и квалификуван кадар.

Да се интервенира во членот 30 од Закон за данок од добивка, додавајќи нов член, по аналогија на трошоците за донации и спонзорства во спортот, воведувајќи различни категории на образовни институции и соодветен процент на намалување на пресметаниот данок.

 

Министерство за финансии


ставено до Министертство за финансии.

26.12.2018

Се разгледува

Нема одговор

Бенефиции за вработените

Трошоците на работодавачот за вработените за платени часови за спортски активности во специјализирани клубови, опремуваат простории со опрема за фитнес, аеробик, пинг понг, пикадо претставуваат непризнаени расходи за даночни цели бидејќи не се тесно поврзани со извршувањето на дејноста на работодавачот.

Да се измени и дополни член 9 од Законот за данокот на добивка со кој ќе се предвидат признаени расходи на компаниите за инвестиции и трошоци направени во функција на подобрување на психофизичката состојба на вработените.

Министерство за финансии


Доставено до Министерство за финансии.

26.12.2018

Се разгледува

Нема одговор

Предлози по предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања

Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања предвидуваат измени кои се во насока на прецизирање на издавањето на фискални сметки и тоа начин, време и содржина.

Продолжување на предложеното време за издавање на сторно сметки како и прецизирање на обврските за избегнување на двојно казнување.

Министерство за финансии


Доставено до Министертсво за финансии.

21.12.2018

Се разгледува

Нема одговор

Ефекти од политиката на рамни даноци (Прогресивен данок)

Даночната политика и евентуалното воведување на прогресија кај персоналниот данок на доход со што ќе се укине т.н. рамен данок.

Реформата за прогресивно оданочување да се одложи за најмалку пет години во кој пероиод е неопходно да се направат широки консултации со бизнис заедницата.

Министерство за финансии


Доставено до Министерство за финансии.

13.09.2018

Одбиено

Одговор добиен од: Службен весник на Република Македонија на

26.12.2018