Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Mеханичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита за одреден објект

Мислење на проектиран степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита за одреден објект од страна на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да се овозможува да се издава во законски предвидениот временски рок.

Со цел да се скрати временскиот период на добивање на мислење, како и да се елиминира монополската положба на една институција треба да бидат вклучени и други институции кои вршат научно истражувачка дејност во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија, односно да не се прецизира дека само научен специјализиран институт би можел да ги издава овие мислења.

Министерство за транспорт и врски


Доставено до Министерство за транспорт и врски.

05.03.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за транспорт и врски на

17.12.2019


Создавање на урбанистички услови за намалување на процентот за изградба на станови за лица со посебни потреби

Создавање на урбанистички услови за намалување на процентот за изградба на станови за лица со посебни потреби.

При проектирањето на станбени објекти, становите за лица со посебни потреби да бидат предвидени по можност на пониските спратови и тоа: 1.  до 10 стана во објектот 1 (еден) стан за лица со посебни потреби 2.  Над 10 стана во објектот 10% од становите за лица со посебни потреби.

Министерство за транспорт и врски


Доставено до Министерство за транспорт и врски.

05.03.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за транспорт и врски на

17.12.2019


Повластена даночна стапка од 5% ДДВ за прва продажба на станови наменети за домување

Износ од 5% за данокот на додадена вредност за првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата. Оваа мерка се донесе со важност од времетраење од 3 години.

Измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и трајно утврдување повластена даночна стапка од 5% данок на додадена вредност

Министерство за транспорт и врски


Доставено до Министерство за транспорт и врски

Министерство за финансии

05.03.2018

Одобрено

Одговор добиен од: Службен весник на Република Македонија на

31.10.2018


Забрана за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба во време на распишани избори

Забраната оневозможува во подолгвременски период компаниите да ги завршат веќе отпочнатите планирани активности, а не се во можност ни да започнат нови постапки за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба.

Измена и дополнување на законската регулатива воведување на нов став во член 11 од Законот за спречување на корупцијата,
односно исклучување на забраната за отуѓување на државен капитал односно отуѓување на градежно земјиште единствено во случај кога се остварува по пат на непосредба спогодна.

Министерство за транспорт и врски


Доставено до Министерство за транспорт и врски.

15.01.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за транспорт и врски на

17.12.2019


Правото на жалба од соседи ја одолговлекува постапката при издавање на одобрение за градење и реализација на инвестицијата

Инвеститорот не може да отпочне со градба додека не истече рокот од 15 дена, доколку е поднесена жалба од соседи против одобрението, се додека второстепениот орган не донесе одлука по повод изјавената жалба.

 Да се овозможи увид на непосредните соседи во идејниот проект пред да се издаде одобрение за градба и доколку нема отстапувања од основниот проект да нема можност за доставување на жалба

Министерство за транспорт и врски


 Доставено до Министерство за транспорт и врски 

15.01.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за транспорт и врски на

17.12.2019