Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Предлог на економски мерки за поддршка на приватниот сектор од последиците врз економијата од корона вирусот

Стопанските комори преку Платформата за јавно-приватен дијалог во услови на пандемија со корона вирусот сметаат дека е неопходно од страна на Владата и институциите да се преземат итни и конкретни мерки кои би допринеле за полесно справување со кризата од страна на компаниите

Стопанските комори, во консултација со своите членки ценат дека од страна на владата треба да се разгледаат повеќе „пакети“ на предлог мерки групирани во неколку области како даноци, работни односи, плати и придонеси, исплата на кредити и заеми, олеснет пристап до финансии, директна помош и подобрување на ликвидноста

 

Министерство за финансии


 Влада на Република Северна Македонија

19.03.2020

Делумно Прифатено

Нема одговор

Препораки за создавање на ефикасна регулатива за стартап компаниите

Потреба од менување и прилагодување на постоечката регулатива, во насока на подобрување на условите за формирање и унапредување на стартап формите на млади бизниси

Подобрувањето на легислативата во насока на креирање на здрав екосистем за иновации ќе придонесе компаниите во РСМ да предвидуваат и креираат R&D компонента во нивните среднорочни и долгорочни стратегии а со цел оптимизирање или подобрување на нивните производи и услуги. Тоа ќе придонесе кон  зголемување на интересот  на компаниите кои се веќе добро етаблирани во индустријата  за соработка со старт-апи, Универзитетски институции и експерти иноватори. Како резултат на инклузивноста ќе се зголеми и интересот на   странските компании и инвеститори за да инвестираат во стартапи во РСМ преку таканаречениот  ЦСЕ ( CSE- Corporate – startup engagement). Како домино ефект, производите и услугите на нашите компании ќе бидат конкурентни и на пазари надвор од нашата држава.

Министерство за економија


Министерство за економија

25.12.2019

Се разгледува

Нема одговор

Потреба од промена на моделот на пресметување на придонеси во ИКТ секторот

Трошоците поврзани со фискалните давачки за вработените во ИКТ секторот се актуални поради фактот што оваа индустрија има повисоки плати во однос на другите делови од стопанството што автоматски значи дека висината на уплатените средства за даноци и придонеси се значително поголеми во однос на другите индустрии. Воведувањето на прогресивното оданочување со данокот на личен доход дополнително ги зголеми трошоците на фирмите и вработените.

Потребно е државата да најде механизам преку кој ќе се овозможи одржување на конкурентноста на македонските фирми како работодавачи која е загрозена од прекумерното фискално оптоварување кое го имаат за трошоци за вработени. Конкретното предлог решение е да се лимитира или да се постави горен праг за пресметување на придонесите кој би значел пресметка на придонесите за вработените во  ИКТ индустријата за максимален износ на плата кој е утврден како просечната исплатена плата во индустријата зголемена за 50%.

Министерство за финансии


Министерство за финансии

Влада

25.12.2019

Се разгледува

Нема одговор

Поддршка на Коморите за бесплатен пристап кон базата на Централниот Регистар

Потреба од мерка за поддршка на Коморите од Владата на Република Северна Македонија за бесплатен пристап кон базата на Централниот Регистар

Достапност на анализи кои ќе ги водат компаниите кон вистинските деловни чекори, кои бесплатно ќе можат да ги користат за развој, предвидување на ефективноста и функционирањето на легислативата, како и за создавање на соодветни мерки за поддршка на развојот на приватниот сектор.

Министерство за финансии


Влада на Република Северна Македонија

 

Министерство за финансии

 

Централен регистар

03.10.2019

Се разгледува

Нема одговор

Известување за потреба од кампања и едукација за намалување на сивата економија и воспоставување на соработка на сите страни во процесот

Потреба од реализација на кампања и едукација за намалување на сивата економија, а особено воспоставување на соработка на сите релевантни страни во процесот.

Се бара:

  • Одржување на едукативни и информативни средби за барањата на законската регулатива од работодавачите, работниците и граѓаните, со цел спречување на ненамерно непочитување.
  • Едукација за придобивките и вредноста на плаќањето на данок и усогласување со Законот за работни односи,  со цел да се развијат мотивација и поголема саморегулација.
  • Годишно писмо до сите даночни обврзници (физички и правни лица), во кое се наведува на кои јавни добра и услуги се потрошени средствата од даноците кои ги плаќаат.
  • Воведување знаци како што се "вашите даноци се плаќаат за ова" на јавни градежни проекти (на пример нови патишта).
  • Вклучување на јавни личности кои се општествено одговорни во кампања на социјални медиуми за подигнување на јавната свест наменета за младите луѓе.
  • Министерствата и инспекторатите да имаат кампања на нивните веб страни за областите од сивата економија кои се релевантни во нивното работење.

Министерство за труд и социјална политика

15.07.2019

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за труд и социјална политика на

17.12.2019