Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Измени и дополнување на Законот за угостителство

Компаниите кои работат во секторот туризам и угостителство, предизвиците со кои се соочуваат во тековното работење се во насока на недоволна или нејасна законска процедура, неусогласеност на законската регулатива со другите закони или подзаконски акти предложени од страна на владини институции, а кои влијаат на имплементацијата на регулативата во туризмот, допрецизирање на одредени амандамани и членови или целосна измена на одредени членови кои негативно влијаат на нивното работење или до сега се покажале како неуспешни или воопшто не влијаеле во делот на сузбивање на нелојалната конкуренција и подобрувањето на бизнис климата на компаниите.

Промена на моделот на категоризација на угостителски објекти, Дополна на угостителски објекти за категоризација, Ревидирање иу согласување на казнените одредби во Законот за угостителска дејност, Модернизација и зајакнување на инспекциските служби во туризмот, Воспоставување на Регистри за вршење угостителска дејност на територија на Република Македонија.

 

 

Министерство за економија


ДОставено до Министертсво за економија.

03.04.2018

Се разгледува

Нема одговор

Измени и дополнување на Законот за туристичка дејност

Компаниите кои работат во секторот туризам, предизвиците со кои се соочуваат во тековното работење се во насока на недоволна или нејасна законска процедура, неусогласеност на законската регулатива со другите закони или подзаконски акти предложени од страна на владини институции, а кои на директен или индиректен начин влијаат на имплементацијата на регулативата во туризмот, допрецизирање на одредени амандмани и членови или целосна измена на одредени членови кои негативно влијаат на нивното работење или до сега се покажале како неуспешни или воопшто не влијаеле во делот на сузбивање на нелојалната конкуренција и подобрувањето на бизнис климата на компаниите.

Воведување на рок за обновување на лиценца за туристичка дејност, бришење на став 2 од член 37 од Законот за туристичка дејност, Воведување на осигурување на аранжмани, Усогласување на Законот за туристичка дејност со Законот за превоз во патниот сообраќај, Измени на член 6 од Законот за туристичката дејнос, Донесување на подзаконски акт за општи услови за патување, Измена на член 15,став 1, алинеја 11 од Законот за туристичка дејност, Воведување на лиценца за туристички водич и промена на податоците на легитимацијата, Модернизација и зајакнување на инспекциските служби во туризмот

 

 

Министерство за економија


Доставено до Министерство за економија.

03.04.2018

Се разгледува

Нема одговор