Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Мислење кон предлог Закон за изменување и дополнување на Закон за угостителска дејност и предлог Закон за изменување и дополнување на Закон за туристичка дејност

Мислење по однос на Закон за изменување и дополнување на Закон за угостителска дејност и Закон за изменување и дополнување на Закон за туристичка дејност. Овие два закона се клучни за успешно функционирање на секторите угостителство и туризам со надеж дека предлозите на приватниот сектор кој се соочува со проблемите подолг период ќе бидат усвоени за напредок на дејностите

Да се дефинира категоризација за сите угостителски објекти, евиденција на туристи кои престојуваат во објекти кои работат во дејноста угостителство, да се ревидираат и усогласат казнените одредби во Законот за угостителска дејност.

Барање за доставување на официјална табела со податоци за износот на полисата или банкарската гаранција, кои не се утврдени во законскиот текст

Министерство за економија


 Министерство за економија

16.07.2019

Се разгледува

Нема одговор

Категоризацијата на угостителските објекти за сместување да се врати по моделот дефиниран пред Законот за изменување и дополнување на законот за угостителска дејност објавен во Службен весник

Категоризацијата на угостителските објекти за сместување по постојниот модел согласно кој Категоризацијата се спроведува со 13 члена комисија формирана од страна на Владата на Република Северна Македонија да се врати по моделот дефиниран пред Законот за изменување и дополнување на законот за угостителска дејност објавен во Службен весник број: 39/2016 (датум на објавување:29.2.16), со кој категоризацијата на угостителските објекти за сместување ја врши Комисија за категоризација на угостителските објекти формирана од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Категоризацијата на угостителските објекти за сместување да се врати по моделот дефиниран пред Законот за изменување и дополнување на законот за угостителска дејност објавен во Службен весник број: 39/2016 (датум на објавување:29.2.16), со кој категоризацијата на угостителските објекти за сместување ја врши Комисија за категоризација на угостителските објекти формирана од страна на Владата на Република Македонија и воспоставување  едноставен систем преку кој угостителските објекти ќе се категоризираат согласно европските воспоставени стандарди со учество на самиот бизнис сектор во категоризирањето.

Министерство за економија


Доставено до Министерство за економија 

Влада на Република Северна Македонија

28.03.2019

Се разгледува

Нема одговор

Позиционен документ за потребите за изработка на среднорочна односно долгорочна Стратегија за туризам

Во отсуство на Стратешки документ за креирање на државната политика на секторот угостителство и туризам, речиси е невозможно да се преземаат мерки и чекори кои ќе стимулираат континуиран развој на дејноста. 

 

Изработка на среднорочна односно долгорочна Стратегија за туризам и угостителство за дефинирање на стратешките определби на земјата за развој на дејноста, со активна вклученост на бизнис секторот, научната и експертската домашна и меѓународна јавност.

Министерство за економија


 Доставено до Министерство за економија

Влада на Република Северна Македонија

25.03.2019

Се разгледува

Нема одговор

Иницијатива за промена на моделот на субвенционирање на странски туристи кој се применува од 2010 година

Актуелниот модел на субвенционирање на странски туристи кој се применува од 2010 година обезбеди позитивен ефект во раст на бројот на туристи, но моделот не обезбеди развој ниту поголема додадена вредност на угостителтските објекти каде се сместуваат субвенционираните туристи, а останува континуирана придобивка за посредниците кои успевааат да го организираат доаѓањето на странските туристи.

Промена на моделот на субвенционирање на странски туристи кој се применува од 2010 година и креирање нов со кој ќе се обезбеди реална поддршка на туристичко-угостителските субјекти.

Министерство за економија


 Доставено до Агенција за промоција и поддршка на туризам

Влада на република Северна Маедонија

25.03.2019

Се разгледува

Нема одговор

Иницијатива за формирање на совет за туризам

Недостига континуиран и пеманентен дијхалог помеѓу бизнис секторот и Владата на РСМ за воспоставување на стратегиска рамка во угостителството и туризмот која че биде во насока на креирање на услови за развој, 

 Формирање на Совет за туризам на највиско државно ниво во кој ќе учествуваат претставници на надлежни државни институции како креатори на законската регулатива и политика за поддршка и промоција на земјата, претставници на бизнис секторот, учесници од локалната самоуправа, здруженија на граѓани, чинители кои придонесуваат за развој на дејноста како на национално така и на локално ниво.

Министерство за економија


 Доставено до Влада на Република Северна Македонија

 

25.03.2019

Се разгледува

Нема одговор