За БизнисРегулатива.мк

За БизнисРегулатива.мк

БизнисРегулатива

Агрегатниот интернет портал biznisregulativa.mk е производ на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, имплементиран од  ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со четирите стопански комори: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопанските комори на Македонија.

 

Овој портал е прв и единствен од ваков тип, каде бизнис заедницата може да се информира за најновите настани и бизнис активности во државата, како и за промените во законската регулатива поврзана со секојдневното работење.

 

Преку воведување на иновативните алатки „Прашај експерт“ и „Листи за оценување на усогласеност“, компаниите за првпат ја имаат можноста самостојно, брзо и бесплатно да ја проверат усогласеноста на нивното работење со тековната регулатива, како и директно да поставуваат прашања до експерти од различни области.

 

Агрегатниот портал е во сопственост на Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје.

 

Ве молиме навремено да се запознаете со правилата и условите за да се избегнат сите евентуални недоразбирања во натамошното користење на агрегатниот портал biznisregulativa.mk.

 

Агрегатниот портал има информативен карактер. Содржината објавена на порталот не е замена за советодавни услуги и правна помош, туку дополнување на информираноста на посетителите за бизнис регулативата и бизнис случувањата во Северна Македонија.

 

Сите содржини на порталот ги користите на сопствена одговорност и порталот не може да се смета за одговорен за какви било штети настанати од неговото користење. Порталот содржи и линкови кои водат до други веб страници. Порталот не може да се смета одговорен за содржините надвор од оваа страница.

 

Сопственикот на порталот и неговите соработници не превземаат одговорност  за било каква евентуална штета настаната со неговото користење. Овие ограничувања опфаќаат и оштетувања од евентуални вируси кои може да се јават  на вашата компјутерска опрема. 

 

Целта на порталот е да обезбедува релевантни и навремени информации. Со Ваша помош, сите евентуални грешки ќе се обидеме да ги отстраниме.


Наша цел


Поддршка на работењето на деловните субјекти преку овозможување проверка на нивната усогласеност со тековната правна регулатива, овозможува на директен пристап до експертска помош и информирање за најновите бизнис настани во државата.

Улога


Подобрување на информираноста на деловините субјекти во државата преку низа фокусирани активности кои имаат за цел подобрување на информираноста на деловните субјекти, овозможување комуникација со релевантни национални експерти од различни области.

Мисија


Подобрување на усогласеноста на работењето на деловните субјекти со законската регулатива и подобрување на истата.


Сподели