Потпишан меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и Фонд за иновации и технолошки развој

Потпишан меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и Фонд за иновации и технолошки развој
БизнисРегулатива | 02.04.2021

 Потпишан меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и Фонд за иновации и технолошки развој со цел соработка за имплементација на иновативни решенија во ИКТ секторот.

Меѓусебната соработка ќе вклучува и развој на слободно претприемаштво во ИКТ секторот, координирање на истражувања, развој на техничко- технолошките достигнувања како и организирање на стручно оспособување, преквалификација и доквалификација на стручни кадри.

“За МАСИТ овој Меморандум претставува официјализирање на досегашната успешна соработка со ФИТР како и можност за нејзино продлабочување. Во периодот кој ни претстои, очекуваме заеднички значително да придонесеме во поттикнување на иновациската дејност и технолошкиот развој во доменот на ИКТ секторот, и да ги поддржиме процесите за дигитална трансформација, како и економскиот развој воопшто.” - изјави Анета Антова Пешева



Сподели