Претседателката на Управниот одбор на МАСИТ одржа средба со министерот за финансии, Фатмир Бесими

Претседателката на Управниот одбор на МАСИТ одржа средба со министерот за финансии, Фатмир Бесими
БизнисРегулатива | 09.04.2021

 Барањата на ИКТ индустријата поврзани со реформи во даночниот систем не застануваат. Вчера, претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева имаше средба со министерот за финансии, г-дин Фатмир Бесими. На состанокот се дискутираше за даночната реформа и за акцискиот план за годинава во однос на Стратегијата за реформа на даночниот систем за периодот 2021-2025 година. Претседателката на МАСИТ, г-ѓа Пешева за време на средбата повторно ги истакна барањата на МАСИТ за укинување на персоналниот данок за сите вработени во ИКТ секторот, поставување на максимален праг на основицата за плаќање на придонеси и намалување на данокот на приход на 3%.



Сподели