Одржана средба помеѓу Управниот одбор на МАСИТ и дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ

Одржана средба помеѓу Управниот одбор на МАСИТ и дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ
БизнисРегулатива | 14.04.2021

На 14.04.2021, беше одржана средба помеѓу дел од членовите на Управниот одбор на МАСИТ предводени од Претседателката Анета Антова Пешева и дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ предводено од Претседателот Христијан Мицковски. На средбата се дискутираше за состојбите во ИКТ индустријата и перспективите на овој сектор, при што од страна на Претседателката на МАСИТ беа истакнати неколку клучни пораки:

ИКТ индустријата е редок пример за дел од македонската економија кој има потенцијал да генерира силен економски раст и бенефити кои се чувствуваат не само во економијата туку и во целото општество воопшто.

ИКТ индустријата бележи пораст по сите параметри (остварени приходи, број на вработени, извоз) дури и во услови на пандемија и сериозна економска криза е значаен придонесувач во државниот буџет од аспект на платени даноци и придонеси.

Ние како МАСИТ остануваме посветени на нашите заложби за подобрување на бизнис климата во ИКТ индустријата преку воведување на посебни даночни стимулации и силно веруваме дека ИКТ секторот е и ќе продолжи да биде уште позначаен двигател на економскиот раст на државата.

МАСИТ стои на располагање на сите чинители со цел подигнување на нивото на дигитализацијата во сите сфери на општеството. Таа за среќа или за жал е новата реалност која во суштина ќе биде радикална реформа после која сигурно ништо нема да биде како што некогаш било. Компаниите од ИКТ индустријата и сега се спремни и го нудат целокупниот свој капацитет и поддршка за да ја постигнеме целта.



Сподели