Платформата за јавно-приватен дијалог одржа состанок со претставници на Влaдата на Република Северна Македонија

Платформата за јавно-приватен дијалог одржа состанок со претставници на Влaдата на Република Северна Македонија
БизнисРегулатива | 26.03.2021

Во текот на денешниот ден се одржа состанок на Комисијата на јавно-приватен дијалог која ја сочинуваат 4рите стопански комори моментално предводени од претседателката на МАСИТ, г-ѓа Анета Пешева и Владата на Република Северна Македонија, во просториите на Владата. За време на двочасовната средба се дискутираа повеќе сегментите кои го засегаат бизнис секторот во државата. Имено, на состанокот, Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи, во координација со економските ресори на државата, како и со министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Јагода Шахпаска и заменик министерот за финансии, г-дин Димитар Ковачевски и државната советничка од Министерство за економија, г-ѓа Размена Цекиќ, разговараа со претставниците на коморите на теми поврзани со измените во Законот за финансиска поддршка на инвестиции, парафискални давачки и воспоставување на методологија за нивно намалување и укинување, статус на измени предвидени во Закон за работни односи во доменот недела – неработен ден, поставување на максимален праг на основицата за плаќање на придонеси за вработените во ИКТ секторот, како и статусот на предлог Законот за данок на имот. Преку дискусија на состанокот се донесоа конструктивни заклучоци и се воспоставија идни чекори по кој Владата заедно со Платформата за јавно-приватен дијалог ќе постапува во периодот што следи се со цел усогласување на ставовите на двете страни. Следната средба на комисијата за Јавно приватен дијалог ќе се случи на крајот на следниот месец.  



Сподели