За дополнителни 10 дена продолжен рокот за електронско поднесување на годишни сметки

За дополнителни 10 дена продолжен рокот за електронско поднесување на годишни сметки
БизнисРегулатива | 12.03.2021

 Централниот регистар одлучи да го продолжи рокот за електронско поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот. 

Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата на Република Северна Македонија за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19. 

Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за трговски дрштва. 



Сподели