Комисијата на Платформата за јавно-приватен дијалог одржа тематски состанок со претставници од Владата за „Недела - неработен ден"

Комисијата на Платформата за јавно-приватен дијалог одржа тематски состанок со претставници од Владата за „Недела - неработен ден"
БизнисРегулатива | 17.02.2021

Во текот на вчерашниот ден претставниците на Платформата за јавно-приватен дијалог, се сретнаа со Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска дискутирајќи за нацрт решението на измени и дополнувања на Законот за работни односи, кои се однесуваат за „Недела - неработен ден".

Претставниците на бизнис секторот истакнаа дека сe' уште се дискутира помеѓу сите засегнати страни, во интерес на изнаоѓање на најсоодветно решение за бизнис заедницата во Република Северна Македонија.



Сподели