Средба на Платформата за јавно приватен дијалог со Г-дин Мартин Викерс, трговски пратеник за Западен Балкан на Премиерот на Обединетото кралство Г-дин Борис Џонсон

Средба на Платформата за јавно приватен дијалог со Г-дин Мартин Викерс, трговски пратеник за Западен Балкан на Премиерот на Обединетото кралство Г-дин Борис Џонсон
БизнисРегулатива | 16.02.2021

Денес се одржа виртуелна средба помеѓу високи претставници на Стопанските Комори кои се дел од Платформата за јавно приватен дијалог (Г-дин Зоран Јовановски од Стопанската комора на Македонија, Г-ѓа Данела Арсовска од Сојузот на Стопански комори, Г-дин Неби Хоџа од Стопанската комора на Северозападна Македонија, Г-дин Илија Господинов од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ) со Г-дин Мартин Викерс, трговскиот пратеник за Западен Балкан на Премиерот на Обединетото кралство, Г-дин Борис Џонсон и неговиот тим.

Средбата беше организирана под покровителство на Министерството за надворешни работи со поддршка на Амбасадата во Обединетото кралство, а на истата присуствуваа и Амбасадорот на Северна Македонија во Обединетото кралство Н.Е. Александра Миовска, Амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија Н.Е. Рејчел Галовеј, Директорот за глобални бизнис мрежи при Британските Стопански Комори Г-ѓа Анне-Марие Мартин, ДИТ Директорот за Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово Г-дин Никола Стојановски и Амбасадорот Илија Псалтиров од Министерството за надворешни работи како модератор на истиот.

На средбата, Г-динот Викерс како прв трговски пратеник за Западниот Балкан, ги претстави неговите заложби за интензивирање на економската соработка со Северна Македонија и се запозна одблиску со секоја од присутните Стопански комори, нивните активности како и потенцијалите за продлабочување на соработката помеѓу двете земји, при што од негова страна беше потврден интересот на Обединетото Кралство за продлабочување на економската соработка земјите од Западен Балкан меѓу кои и Северна Македонија. 

Посебен акцент во рамки на дискусијата беше ставен на можна соработка во областа на обновлива енергија, зелена агенда, информатички и комуникациски технологии – ИКТ, потенцијална соработка на инфраструктурни проекти како и можности во циркулацијата на луѓе и стоки по Брегзит помеѓу Велика Британија и Северна Македонија, како земји што не се членки на ЕУ.

Двете страни се договорија за продолжување на разговорите со цел овозможување на  институционална поддршка на македонските и британските компании да ја интензивираат соработката во иднина, да најдат точки на заеднички интерес и да придонесат за зголемување на севкупната економска соработка помеѓу двете земји.  



Сподели