ФИТР објави ,,Jавен повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст"

ФИТР објави ,,Jавен повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст"
БизнисРегулатива | 09.02.2021

Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст. Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“) за забрзан економски раст со цел надминување на последиците од КОВИД-19, кои ги исполнуваат условите од Правилникот за  инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст. Поддршката има за цел, претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за нивна трансформација.

За кого е наменет повикот:

Поддршката е наменета за претпријатијата и ПЗУ (приватни здравствени установи) кои имаат јасно идентификувана  потреба од нови технологии која ќе има значително и мерливо позитивно влијание во еден или повеќе од следните аспекти од нивното работење: зголемена продуктивност и ефикасност, намалување на трошоци и употреба на ресурси, намалување на негативното влијание врз животната средина, подобар квалитет и нови карактеристики на производите и услугите кои ги нудат на пазарот, за развивање на нови канали за продажба, влез, експанзија на нови пазари или за градење на постабилна и поодржлива мрежа на добавувачи.

Вкупен буџет на повикот:

За финансирање проекти под овој конкурс за овој Инструмент обезбедува вкупно, буџет од 6.000.000.00 (шест милиони) евра во денарска противвредност.

Краен рок за апликација:

До 06.04.2021, до 14 часот

Сите детални информации може да ги најдете на следниот линк.



Сподели