Платформата за Јавно-Приватен дијалог како главен сервис за барањата на бизнис секторот

Платформата за Јавно-Приватен дијалог како главен сервис за барањата на бизнис секторот
БизнисРегулатива | 15.01.2021

Во текот на вчерашниот ден се одржа редовна средба на ниво на Платформата за јавен-приватен дијалог во состав на четирите стопански комори во земјата: Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Стопанската Комора на Македонија, Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Сојуз на Стопански Комори.

На состанокот и официјално извршниот директор на СКСЗМ г-дин Дриљон Исени ја предаде Платформата за јавен-приватен дијалог до Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии-МАСИТ, која со платформата ќе претседава во наредните 6 месеци и ќе биде главен сервис за потребите на деловниот сектор во Република С. Македонија.

Преку раководството со платформата, МАСИТ заедно со другите партнери ќе има за цел да овозможи застапување на интересите на деловните субјекти за подобар раст и развој и учество во процесот на идентификација и решавање на суштинските проблеми поврзани со имплементацијата на нови законски решенија и примена на тековните закони што се однесуваат за компаниите.



Сподели