Започна со работа CareerHUB - платформа каде се сретнуваат кандидати и работодавци

Започна со работа CareerHUB - платформа каде се сретнуваат кандидати и работодавци
БизнисРегулатива | 15.12.2020

 Платформа за поврзување млади професионалци од сферата на дигитални вештини со работодавачи CareerHUB започна со функционирање. Истата е изработена во рамки на проектот МладиХаб – Дигитална Младина, финансиран од Британската Амбасада, а имплементиран од Националниот Младински Совет на Македонија, во партнерство со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ која има за цел да овозможи поврзување на млади талентирани професионалци кои поседуваат дигитални вештини со работодавачи кои имаат потреба од ангажирање на соработници со полно или скратено работно време, хонорарен ангажман, практиканство или волонтирање.

Сите поединци кои поседуваат дигитални вештини, а имаат потреба од работа можат бесплатно да креираат профил во кој ќе ги наведат сите своите знаења и способности. Тие имаат непречен пристап до активните огласи и можат во секое време да аплицираат на оглас за работа, хонорарен ангажман, практикантсво или волонтирање.

Од друга страна, сите компании кои имаат потреба од ангажман на лица кои поседуваат дигитални вештини можат да креираат профил на платформата и да поставуваат оглас/и, да следат статистика на посетеност на огласите што ги објавиле, да пребаруваат по апликациите доставени на огласот од корисниците баратели на работа. Исто така имаат можност да добиваат апликации од кандидати на објавените огласи, можност за разгледање на профилите на кандидатите и да остваруваат контакт со нив.

Платформата се очекува да го олесни патот кој го поминуваат апликантите барајќи работа според квалификациските вештини и да им овозможи на компаниите полесна регрутација на кандидати.

Платформата е целосно во функција, за повеќе информации посетете го следниот линк.



Сподели