Координативен состанок на Платформата за јавно-приватен дијалог за следните активности

Координативен состанок на Платформата за јавно-приватен дијалог за следните активности
БизнисРегулатива | 29.09.2020

Платформата за јавно-приватен дијалог на 28 септември одржа координативен состанок на кој се разговараше за следните активности кои ќе се реализираат во наредниот период.

 

Од страна на извршните директори на четирите стопански комори Билјана Пеева-Ѓуриќ од СКМ, Анита Никова Бундовски од МАСИТ, Дрилон Исени од СКСЗМ и Александар Зарков од ССК партнери во Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива и директорот на проектот Љубомир Димовски, беше посочено дека ќе се спроведат три дополнителни истражувања за најпогодените сектори од економската криза предизвикана од КОВИД-19 пандемијата. Последователни студии ќе се изработат за автомобилска индустрија, туризам и угостителство и текстил.

 

 

Платформата за јавно приватен дијалог составена од Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори до крајот на годината ќе одржи четири инфо-сесии за теми кои се од исклучителна важност за бизнис секторот, особено за компаниите кои се справуваат со последиците од КОВИД-19 пандемијата, како и на подобрување на законската регулатива во повеќе приоритетни области.

 

Во поглед на четвртиот сет на мерки откако ќе бидат разгледани, од страна на Платформата ќе се излезе со соодветни предлози и активности за нивно доследно спроведување во рамки на јавно-приватниот дијалог.



Сподели