Платформата за јавно-приватен дијалог и УСАИД разговараа за идните активности и стратешките определби

Платформата за јавно-приватен дијалог и УСАИД разговараа за идните активности и стратешките определби
БизнисРегулатива | 16.09.2020

Платформата за јавно-приватен дијалог денеска оствари средба со Ерик Јановски директор на мисијата на УСАИД во Македонија при што се разговараше за идните активности до крајот на годината како и за поддршка за стратешките определби за наредниот период во унапредување на јавно-приватниот дијалог.

 

 

На средбата учествуваа Дрилон Исени извршен директор на Стопанска комора на северозападна Македонија, Билјана Пеева Ѓуриќ извршен директор на Стопанска комора на Македонија, Анита Никова Бундовски извршен директор на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Александар Зарков извршен директор на Сојуз на стопански комори, како и Љубомир Димовски директор на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива од ЕПИ ЦЕНТАР како имплементатор на проектот.  

 

 

Дрилон Исени, претседавач на Платформата и извршен директор на СКСЗМ ги потврди досегашните заложби за активно претставување на барањата на бизнис заедницата за подобрување на регулативата, како и активностите за поголема информираност на стопанските субјекти во поглед на правната усогласеност.

 

Претставниците на УСАИД како и досега ја изразија поддршката за функционирањето на Платформата за јавно-приватен дијалог, во нејзината понатамошна активност и идните стратешки цели.

 

Главната цел на оваа соработка е да се дејствува кон создавање поволна клима за водење бизнис во земјата и да се зајакне и етаблира јавно-приватниот дијалог во земјата, како механизам за надминување на различните социјални и економски предизвици, особено важно во овој период на справување со КОВИД-19.

 

Платформата на четирите стопански комори останува посветена на застапување на интересите на компаниите и нивно претставување пред државните институции.  Самата платформа всушност и произлезе од Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива.  

 

Средбата се одржа во просториите на Стопанската комора на Северозападна Македонија која е и претседавач со Платформата за јавно-приватен дијалог до крајот на оваа година.



Сподели