Три начини на кои компаниите можат да преживеат за време на пандемијата и по неа

Три начини на кои компаниите можат да преживеат за време на пандемијата и по неа
БизнисРегулатива | 30.07.2020

Пандемијата на корона вирус пред сè е глобална здравствена криза, но таа има и економски и општествени последици. Иако некои држави полека се враќаат во нормала, ефектот на пандемијата во комбинација со неопходните мерки за намалување на ширењето на коронавирусот предизвика глобална рецесија.

 

Овој двоен шок предизвикан од пандемијата влијае на бизнисите низ целиот свет. За почеток, намалени се капацитетите за производство на добра и услуги, а тоа предизвикува зголемување на цените и намалување на понудата. Зголемувањето на невработеноста дополнително влијае на шокот, а истовремено се појавува зголемена побарувачка за производи поврзани со здравјето. Според претпоставките, пандемијата ќе ја предизвика најголемата глобална рецесија од Втората светска војна, а некои земји ќе забележат најголем пад во производството по лице од 1870 година.

 

Компаниите се наоѓаат пред уникатен предизвик да направат промена. Пандемијата само ги покажа системските недостатоци. Истражување на Светскиот економски форум покажува три начини на кои компаниите може да ја искористат ситуацијата во своја полза.

 

 

Комбинација од брзина и стабилност

 

Организациската агилност е способноста на компанијата за брза промена во време кога се менува пазарот. За ова се важни брзината и стабилноста. Компаниите треба брзо да реагираат на промените, а тоа значи да бидат иновативни и динамични. Меѓутоа, за да се обезбеди одржливиот успех и способноста за развој, потребна е стабилност.

 

Организациската агилност некогаш била пожелна, но сега е основна за преживување. Истражувањето на Светскиот економски форум покажува дека Ковид-19 ја поттикнал агилната трансформација на повеќе нивоа.

 

Искористување на дигитализацијата

 

Голем дел од компаниите сметаат дека треба да поминат низ дигитална трансформација, но мал дел од нив навистина го прават тоа, покажува една анкета од 2015. Сепак, пандемијата доведе до историско користење на дигитализацијата на начини кои претходно не сме ги земале предвид. Податоците велат дека за само осум недели, светот напредувал колку за 5 години во присвојувањето на дигиталните алатки во областа на бизнисот.

 

Пандемијата предизвикала структурни промени во многу аспекти, а голем дел од овие промени се очекува да останат и после пандемијата. Компаниите мора да се фокусираат на новите можности овозможени од дигитализацијата за да се соочат со најновите предизвици.

 

Воведување системски промени преку соработка

Пандемијата ги потсети луѓето на тоа колку се поврзани сите компании, градови и држави. И покрај предизвиците, пандемијата ја покажа важноста на соработката. Системската соработка ќе биде клучна за компаниите да ги вратат нормалните капацитети за работа.

 

 

Што следува?


Светот уште се бори со пандемијата, но некои економии внимателно се враќаат во нормала, иако последните месеци се многу поразлични од она што се сметаше за нормално пред пандемијата. Тешко е да се знае што следува, но може да се искористат лекциите од минатото и да се гледа на нив како на можности за развој. Компаниите треба да реагираат на кризата додека работат на иновативни решенија и соработуваат со останатите бизниси.

 

Автор: Вандана Менон

 

Извор: weforum.org

 

Преземено од: fakulteti.mk



Сподели