Состанок на Управниот одбор на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива

Состанок на Управниот одбор на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива
БизнисРегулатива | 08.07.2020

 Управниот одбор на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа редовен состанок за веќе започнатите активности кои се одвиваат според планот за работа, како и за планираните активности во следниот период.

 

 

Билјана Пеева Ѓуриќ од Стопанска комора на Македонија, Анита Никова Бундовски од Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Дрилон Исени од Стопанска комора на северозападна Македонија, Александар Зарков од Сојуз на стопански комори и Љубомир Димовски директор на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, на состанокот на УО разговараа за досега преземените чекори како и за следните активности.

 

 

Проектот поддржан од УСАИД веќе ги достави до надлежните институции позиционите документи кои произлегоа од најголемото домашно истражување за ефектите од кризата предизвикана од КОВИД-19 пандемијата врз бизнис секторот.

 

Во нив кои се содржани заклучоци за состојбата со која се соочуваат компаниите од најпогодените сектори како и за даночните политики и работните односи. Исто така во нив се содржани и предлози за среднорочни и долгорочни мерки за надминување на предизвиците.

 

Студиите за ефектите од КОВИД-19 кризата, како и соодветните позициони документи се јавно достапни и објавени на специјализираниот агрегатен портал biznisregulativa.mk.

 



Сподели