Кучи: Недовербата во институциите сѐ уште постои и тоа во голема мерка има негативно влијание врз сите компании

Кучи: Недовербата во институциите сѐ уште постои и тоа во голема мерка има негативно влијание врз сите компании
БизнисРегулатива | 02.06.2020

Мендерес Кучи, стопанственик од Тетово, во гостување на Телевизија 24 зборуваше за сетот на мерки кои ги донесе Владата на СДСМ каде рече дека не постои доверба во институциите и дека мерката за субвенционирање на плата од 14.500 денари не била доволна за да компаниите продолжат понатаму.

 

„Да денеска ако земам помош, утре дупло ќе треба враќам. Недовербата во институциите сѐ уште постои и тоа во голема мерка има негативно влијание врз сите компании. Оттука е и бројката која што гледаме колку е тоа искористено и зошто не е искористено. Гледам дека тие 8 милиони кои беа предвидени за бескаматни кредити, а се искористија некаде околу 6. Гледаме дека бројката на вработените за кој што беше донесена мерката, нема влијание врз задржувањето на работната сила во компаниите. Не се доволни помошта од 14.500 за да продолжат тие да опстојат понатака затоа што бизнисот поинаку функционира“, рече стопанственикот Кучи.



Сподели