Ангеловска: Со 14.500 денари по вработен ќе се спасат многу работни места, а компаниите ќе ги пребродат тешките месеци

Ангеловска: Со 14.500 денари по вработен ќе се спасат многу работни места, а компаниите ќе ги пребродат тешките месеци
БизнисРегулатива | 12.04.2020

 Државата ќе издвојува по 14.500 денари за сите погодени фирми од кризата со корона вирусот доколку имале пад на приходите од најмалку 30% и притоа ги задржиле своите вработени. Целта е да нема отпуштања, да се користи помошта за исплата на плата и придонеси за месеците април и мај. 

Таа објасни дека работодавачите ќе добиваат по 14.500 денари, износ кој се дава за покривање на плата, придонеси или за дел од плата. 

„Оваа криза бара брзи реакции, соработка и дијалог и постојана и редовна комуникација за појаснување на сите дилеми за користење на антикризните мерки. Сите погодени фирми без оглед од која индустрија доаѓаат со мерката број 1 од вториот пакет на антикризни мерки со користење 14.500 денари помош по вработен за месеците април и мај, со која верувам дека ќе може да се спасат многу работни места, а со тоа да се одржат и самите фирми. Оваа мерка очекуваме да чини околу 120 милиони евра и ќе опфати до 150 илјади вработени“ истакна Ангеловска. 

Вели дека мора да има комуникација, со цел сите да ја разберат мерката. Министерката додаде дека работникот добива поголема сигурност, дека работодавачот ќе го задржи и по кризата. Оваа мерка може да ја користат фирми кои нема да делат дивиденди и бонуси од добивката за 2019 година. 

Мерката ќе важи и за управителите и сопствениците што е особено важно за микро и малите претпријатија.



Сподели