Жбогар потврди: До 66 милиони евра европска помош за С. Македонија во борбата со КОВИД-19

Жбогар потврди: До 66 милиони евра европска помош за С. Македонија во борбата со КОВИД-19
БизнисРегулатива | 25.03.2020

По давањето на зелено светло за отпочнување на пристапни преговори за членство, од ЕУ презедоа обврска за директна помош на земјава во справување со последиците од корона вирусот.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар преку својот твитер профил ја најави помошта од ЕУ за Северна Македонија за справување со корона вирусот.

„Сите сме заедно во борбата против злобниот вирус. Во ова време на потреба, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија до 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони за социјално и економско закрепнување, 9 милиони за приватниот сектор и до 3 милиони евра директна буџетска поддршка“, напиша евроамбасадорот Жбогар.

Тој ја поздрави и одлуката на ЕУ за старт на пристапните преговори со земјава.

„Горд сум што и во овие тешки времиња, земјите членки на ЕУ ги признаа напорите на Северна Македонија и решија да започнат преговорите за пристапување. Започна нашето заедничко патување. #idninazaedno #napredzaedno #EUsoTebe #EUwithU“, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар.



Сподели