УЈП нема да презема дополнителни мерки кон даночните обврзници додека траат препораките од Владата

УЈП нема да презема дополнителни мерки кон даночните обврзници додека траат препораките од Владата
БизнисРегулатива | 25.03.2020

 

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека нема да презема никакви дополнителни мерки и да доставува решенија за присилна наплата.

 

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП.

 

Оваа мерка ќе важи се додека траат препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот, се вели во соопштнието на Управата за јавни приходи.



Сподели