УСАИД ќе одвои до 100 милиони долари на глобално ниво за надминување на КОВИД-19 пандемијата

 УСАИД ќе одвои до 100 милиони долари на глобално ниво за надминување на КОВИД-19 пандемијата
БизнисРегулатива | 23.03.2020

УСАИД соопшти дека ќе одвои до 100 милиони американски долари на глобално ниво во борбата за надминување на кризата со КОВИД-19. Средствата се издвоени преку резервниот и итен фонд за заразни болести и инфекции, наменети за глобалната пандемија со корона вирусот SARS-CoV-2.  Затоа Владата на САД најави дополнителни 62 милиони долари од претходно најавените 32 милиони долари во првиот одобрен повик преку фондот ERF на УСАИД.
 
„УСАИД ќе ги искористи овие нови средства и 37 милиони американски долари од претходно одобрениот и објавен ЕРФ за критични интервенции во земјите во развој, погодени од пандемијата COVID-19 или со висок ризик. Овие активности вклучуваат зголемена комуникација со ризик и вклученост со локалните заедници; спречување и контрола на инфекција во здравствените установи, вклучително и преку обезбедување на лична заштитна опрема и други критични артикли; зголемување на лабораториите, надгледување на болести и капацитет за брза реакција; управување со случаи на СОВИД-19; скрининг на влезните места; и глобална и регионална координација“.
 
Пандемијата претставува опасност по здравјето со сериозни последици по животот на луѓето за што е потребна соодветна ангажираност од надлежните институции и меѓународните донатори. 
 
Поединци и групи кои се заинтересирани да им помогнат на заболените лица или тие кои се изложени на ризик од болеста предизвикана од новиот корона вирус, треба да ја посетат страницата на Центарот за меѓународни информации за катастрофи на CIDI.org посветена на КОВИД-19.
 


Сподели