Како да обезбедите дозвола за вршење сменска и ноќна работа при полициски час?

Како да обезбедите дозвола за вршење сменска и ноќна работа при полициски час?
БизнисРегулатива | 23.03.2020

Во насока на Ваше навремено информирање и запознавање со последните мерки донесени од страна на Владата кои се од големо значење за работата на компаниите, од страна на Сојуз на стопански комори на Македонија во континуитет ќе ги доставуваат најновите информации кои ги пристигнуваат од страна на институциите.

 

Во врска со Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба објавена во Службен весник на РСМ бр.68/2020 од 18.03.2020 година и Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Р. С. Македонија Службен весник на РСМ бр.72/2020 од 21.03.2020 година со која се забранува движење на населението во временски период од 21:00-06:00 часот со цел спречување на ширење на заразната болест COVID -19  и заштита на населението, заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес и организацијата на работата на компанијата во смени и ноќна работа, на Седмиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 22 март 2020 година беше пропишан образецот за издавање на Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа.

 

Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена. За валидност на дозволата, производствените капацитети и другите компании кои работат во трета и четврта смена во времетраење на полицискиот час, потребно е овој образец да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице.

 

На линковите во продолжение можете да ги преземете:



Сподели