УЈП: Започна исплатата за МојДДВ за второто тримесечје

УЈП: Започна исплатата за МојДДВ за второто тримесечје
БизнисРегулатива | 04.02.2020

 Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства за второто тримесечје согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.

 

Повратот од 15 отсто од ДДВ се префрла на сметките на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2019 година.

 

Од 01.07.2019 година до 31.01.2020 година, апликацијата МојДДВ ја користат 236.442 корисници, скенирани се 66.885.228 фискални сметки, остварен е промет од 32.456.740.434 денари, Вкупниот износ на ДДВ изнесува 3.512.292.634 денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 526.843.896 денари или 8.567.000 евра.

 

Во месец јануари 2020, првиот месец од третото тримесечје има нови 23.387 корисници на апликацијата МојДДВ и вкупниот поврат на 15 % од ДДВ, заклучно со 31.01.2020 година, изнесува 1,724,000 евра.

 

Управата за јавни приходи, уште еднаш апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешка во внесувањето, да ја коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.



Сподели