СКМ го презеде кормилото на Платформата за јавно-приватен дијалог

СКМ го презеде кормилото на Платформата за јавно-приватен дијалог
БизнисРегулатива | 27.01.2020

Во наредните шест месеци Стопанска комора на Македонија ќе го води претседателството на Платформата за јавно-приватен дијалог. Билјана Пеева Ѓуриќ ќе биде нов претседавач на Платформата откако заврши ротационото претседателство на Стопанска комора на Северозападна Македонија и на извршниот директор Дрилон Исени како претседавач.

 

Во наредниот период Платформата за јавно-приватен дијалог ќе одржи повеќе работни средби со државните институции како еден од главните претставници на бизнис заедницата застапувајќи ги интересите на компаниите во подобрување на законската регулатива, подобрување на условите за водење на бизнис и унапредување на бизнис климата.

 

 

Една од главните заложби на Платформата за јавно-приватен дијалог ќе биде продолжување на воспоставената пракса на директна консултација за реформите кои се од важност за бизнисот како и реализирање на барањата доставени директно до надлежните државни институции. Дел од нив веќе беа прифатени како што е одложување на примената на прогресивниот данок и прифаќање на голем број на предлози во новите закони за практиканство, јавни набавки и инспекциски надзор.

 

Платформата покрај Стопанска комора на Македонија и Стопанска комора на Северозападна Македонија е составена и од Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Сојуз на стопански комори на Македонија. Претседавањето со платформата се менува на секои шест месеци.



Сподели