Стопанските комори на средба со Централен регистар за подобрување на условите за бизнис

Стопанските комори на средба со Централен регистар за подобрување на условите за бизнис
БизнисРегулатива | 21.01.2020

Платформата за јавно-приватен дијалог одржа конструктивен работен состанок со директорката на Централен регистар, Марија Бошковска-Јанковски, за унапредување на соработката и претставување на заложбите на стопанските комори за подобри услови за водење на бизнис на компаниите.

 

 

Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија кои ја сочинуваат Платформата, како еден од проблемите со кои се соочуваат го посочија недостигот на информации поврзани со работењето на приватниот сектор во државата.

 

„Целта е да се подобри јавно-приватниот дијалог, во насока на подобрување на бизнис климата во земјата, односно излегување во пресрет на барањата кои компаниите ги доставуваат до Коморите и до Централниот регистар“, се вели во објавата на Централен регистар по одржаната средба.

 

 

Марија Бошковска-Јанковски, директорката на Централен регистар, внимателно ги ислуша предлозите на коморите и остави простор за воспоставување на соработка преку потпишување на заеднички Меморандум.

 

Во натамошниот период Платформата ќе ги достави барањата за олеснет пристап до податоците со кои располага Централниот регистар за изработка на соодветни анализи за движењето на економијата од страна на коморите.

 

 

Барањата за добивање на соодветни информации кои ќе помогнат во креирање на мерки според условите на пазарот и потребите на компаниите е во насока на заложбата на коморите како субјекти за унапредување, застапување и заштита на интересите на компаниите.

 

Преку соработка на приватниот сектор и институциите и постигнување на партнерски однос во делот на пристап до суштински информации ќе се постигне повисока транспарентност, отчетност и општествена одговорност помеѓу сите субјекти во економијата.



Сподели