Како до подобра заштита на правата на даночните обврзници?

Како до подобра заштита на правата на даночните обврзници?
БизнисРегулатива | 20.01.2020

Во рамките на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, подготвен е анкетен прашалник за истражувањето: Даночна постапка и правни лекови за заштита на правата на даночните обврзници со посебен акцент на правните лица.

 

Компаниите треба да одговорат на прашања кои се поврзани со даночната регулатива во Република Северна Македонија за добивање на вистинска слика за даночните процедури, за задоволството од изречените решенија и постапките кои се водат пред Управниот суд поведени од страна на даночните обврзници. Анкетата може да ја пополните на следниот линк.

 

Со ова истражување компаниите се повикани да ги пренесат нивните искуства со даночната власт, евентуалните проблеми со постапките, од третманот на инспекторите и изречените мерки.

 

Даночните обврзници немаат право на жалба по изречено даночно решение од страна на УЈП. За секој спор кој го имаат со даночните власти единствено може да поведат управна постапка пред Управниот суд.

 

Затоа од голема важност е да се согледаат состојбите со овие процеси, како и да се подобри правната заштита на даночните обврзници во Република Северна Македонија.

 

Целта на овој Анкетен прашалник е да се добијат точни одговори од страна на компаниите за да се изготви соодветна анализа во рамките на проектот за подобрување на даночната регулатива. Анкетата е анонимна.



Сподели