Компаниите да ја пополнат чек листата за работни односи и да придонесат во подобро законско решение

Компаниите да ја пополнат чек листата за работни односи и да придонесат во подобро законско решение
БизнисРегулатива | 14.01.2020

Носењето на новиот Закон за работни односи е одложено за годинава откако во 2019 година иако беше започната процедурата за носење на новото законско решение истото беше одложено. Со оглед на тоа што станува збор за многу важна регулатива, од усогласеноста со актуелниот закон може да се добијат значајни насоки за неопходните измени. За таа цел Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива ја доработи листата за проверка на усогласеност од Државниот инспекторат за труд според ЗРО каде се вклучени и казнените одредби.

 

Самата дигитална алатка „чек листи“ овозможува директен внес на самите компании за нивната усогласеност со Законот за работни односи. Откако е достапна оваа алатка на biznisregulativa.mk речиси 200 компании ја пополниле листата од областа на работните односи.

 

Сега со надградената и проширена чек листа која е официјална и е еден од основните документи според кој се водат трудовите инспектори, од голема важност е да се добие фидбек од страна на компаниите, а со тоа и на проблемите со усогласеноста со кои се соочуваат работодавачите. Воедно компаниите ќе може бесплатно да извршат проверка на нивната усогласеност со Законот за работни односи кој е во сила.

 

Со пополнување на чек листата за Законот за работни односи компаниите ќе добијат повеќе бенефиции, како прво ќе ги согледаат одредбите во кои е неопходно да ја подобрат својата усогласеност за што оваа алатка им е достапна анонимно на агрегатниот портал  biznisregulativa.mk. По пополнување на прашањата кои би биле поставени и од инспекторите, компаниите ќе добијат извештај за нивната усогласеност и линкови до членовите на законот со кои треба да извршат усогласување. 

 

Исто така со анализа на понудените одговори ќе се согледаат и одредбите и елементите од Законот за работни односи кои се најпроблематични за усогласеноста на компаниите, па така и секое следно подготвување на новото законско решение за работните односи може значително да се подобри и усогласи со потребите на приватниот сектор.

 

Проектот во 2019 одржа и информативен настан на кој имаше огромен одзив од страна на приватниот сектор. Претставниците на компаниите ги пренесоа своите забелешки на предложените измени на Законот за работни односи и во суштина главните барања се за поголема флексибилност на пазарот на труд, но и поголема одговорност за нанесени штети и непочитување на договорите од страна на вработените.

 

Листата за проверка според Законот за работни односи е поставена на веб сајтот на Државниот инспекторат за труд на следниот линк. Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива ја доработи Листата за проверка за ЗРО и со делот за казнените одредби која е достапна во продолжение.



Сподели